Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски не успеа да дојде до својот прв трофеј во Јапонија. Бабунски и неговиот Јокохама Маринос загубија во финалето на „Купот на императорот“ од Церезо Осака дури по продолжението со 1-2.
Бабунски го почна финалето од првата минута. Јокохама прва дојде до предност со голот на Ито уште во 8. минута од средбата, но противникот најпрво израмни во 65. минута со голот на Јамамура, а потоа во продолжението со голот на Мизунума во 95. минута си го осигура трофејот.
Македонскиот фудбалер на теренот остана до 69. минута кога беше заменет од Уго Виера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА