Играчот од средниот ред на македонската репрезентација Давид Бабунски, после долго време доби шанса да игра во првиот состав на Македонија. Вчера со Ерменија тој го стартуваше мечот, а потоа беше заменет.
Бабунски кажа дека во вториот дел излегле со верба дека може да се дојде до победа, и покрај црвениот картон на Зајков на крјот од првиот дел.
„Се издигнавме од многу незгодна ситуација и покажавме дека можеме да се носиме и со играч помалку. Се чувствуваме добро од самиот почеток, иако некако се почна лошо со повредата на Чурлинов. После со црвениот картон верувавме во нас, пораките одеа и во тој правец, да веруваме дека можеме да извлечеме победа. И така излеговме во вториот дел, дадовме се од себе, и тоа даде резултат. Нема да биде лесно до крајот во Лигата на Нации, многу ни значеше оваа победа, сега сме први во групата, но и натаму рано да се прогнозира. Се ќе зависи од нас и од нашиот потенцијал и ќе дадеме се од себе да го задржиме првото место“, изјави Бабунски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА