Младинскиот репрезентативец Давид Бабунски е прогласен за играч на мечот во победата на Јокохама од 3-2 против Урава во првото коло од најсилната јапонска лига.
Бабунски, заедно со својот соиграч Уго Виеира кој исто така од Црвена Звезда оваа зима дојде во Јокохама, го добија признанието откако и двајцата запишаа деби погодоци во новиот дрес…
„Засекогаш ќе го паметам овој ден, кој е еден од најубавите во досегашната моја фудбалска кариера. Прекрасно се чувствувам и поради прекрасниот амбиент кој го почувствував и поради силната поддршка од навивачите. Верувам дека и во иднина ќе продолжам со квалитетни игри во дресот на Јокохама во кој се чувстувам препородено“ – истакна по мечот, Давид Бабунски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА