ЕКИПА во Бидгошч
Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски
Македонија знае да игра фудбал и може многу на ЕП во Полска. Така најави Давид Бабунски пред доаѓањето на Европското првенство. Шпанија беше преголем залак, но нашиот млад национален тим покажа дека е конкурентен на дуелот со Србите. Испуштивме победа.
„Можеа да бидат три бода. Штета. Почнавме малку побавно, не се наметнавме, но потоа одигравме навистина квалитетно. Ги надигравме Србите, стигнавме на прагот на победа, и потоа примивме гол. Најболно е кога ќе примиш гол на самиот крај. Но, нема ова да го падне нашиот морал, ќе играме храбро и против Португалија“, изјави Давид Бабунски по ремито со Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА