Македонската селекција одработи тренинг утрово во Скопје, по што во 16 часот со чартер лет заминува за Рига за дуелот со Летонците кој се игра во четврток (10. октомври). Во овој октомвриски прозорец „црвено-жолтите“ ќе одиграат натпревар и со Ерменија во Ереван кој е закажан за 13. октомври.
Еден од подобрите фудбалери од мечевите во септември, Давид Бабунски дека цел е да се освојат шест бода во овие два натпревари.
„Правиме доста работи добро чим од фудбалскиот свет не гледаат како фаворити во оваа група. Сепак, ние треба да останеме скромни и да продолжиме да се бориме за оваа единствена шанса. Нема да биде лесно бидејќи играме во гости, а денеска сите земји го развиваат својот фудбал. Немаме многу време за подготовка, но ќе анализираме да ги идентификуваме нивните слаби точки и да одиме да ги освоиме сите шест бода“, изјави Бабунски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА