Тренерот на Вардар, Бобан Бабунски не е задоволен од поразот на македонскиот шампион во првиот натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа. Вардар загуби со 1-0 од Пјуник во Ереван, во натпревар за заборав меѓу два очајни состави.
„Им честитам на домаќините за победата. Очекувавме дека ќе биде тежок натпревар. Знаевме дека Пјуник има силна одбрана која не попушти пред нашите напади во вториот дел. Но, има и втор натпревар и верувам дека ние во Скопје ќе славиме“ – рече Бабунски на прес-конференцијата по мечот, и дополни:
„И временските услови влијаеја на нашата игра, на кои не успеавме најдобро да се адаптираме. Но, на реваншот ние ќе сме во предност и максимално ќе се обидеме да дојдеме до триумф“.
Бабунски одговори и околу повредата на офанзивецот Барсегјан, и неговата игра…
„Повредата на Барсегјан не е сериозна. Знам дека можеби повеќе се очекуваше од него во оние шанси за реализација, но сепак за нашиот пораз некои други нешта се виновни кои ќе мора да ги подобриме во Скопје“ – одговори Бабунски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА