Данди Јунајтед предводен од македонските интернационалци Кристијан Трапановски и Давид Бабунски ремизираше во градското дерби против Данди во шкотското првенство. Еден од стрелците на головите во ремито од 2-2 беше Трапановски кој го постигна деби голот за својот нов тим, а пак Бабунски ја носеше капитенската лента на раката.
Бабунски говореше за медиумите по крајот на средбата изразувајќи незадоволство од резултатот поготово бидејќи неговиот тим беше два пати во водство, но исто така додаде дека верува во соиграчите и очекува големи нешта до крајот на сезоната.
„Разочаран сум што не ги земавме трите бода. Ви благодарам на сите за неверојатната атмосфера и поддршка. Повторно може позитивни работи да се извлечат и имаме многу простор за напредок, но градиме во вистинска насока и наскоро ќе бидеме таму каде што треба. Имам голема верба во овој тим“, изјави Бабунски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА