Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски по пауза од речиси два месеци повторно се врати во првиот состав на јапонскиот прволигаш Јокохама Маринос.
Бабунски се чини го загуби стартното место во јапонскиот тим по бројните настапи за младата репрезентација на ЕП во Полска, а потоа и поради отсуствата за настапите во сениорската селекција минатиот месец. Па Французинот Момбаертс не сметаше на него изминативе два месеци во јапонскиот шампионат.
Денеска, Давид Бабунски одигра 60 минути во првиот тим на Јокохама во победата од 3-2 против лидерот на табелата Кашима Антлерс во 30. коло од јапонскиот шампионат.
Со овој триумф Јокохама се врати на третата позиција на табелета, со 55 бода, девет помалку од водечкиот Кашима, а седум помалку од второпласираниот Кавасаки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА