Членот на златната генерација млади македонски фудбалери, Давид Бабунски беше најдобриот поединец во редовите на романскиот Ботошани кој загуби од Шкендија во второто коло од квалификациите за Лига Европа.
Бабунски одигра одлични 80 минути на натпреварот, задоволен е од играта но тимот, но разочаран од резултатот и елиминацијата во Европа.
„Може да бидеме задоволни од начинот на кој одигравме, но ни недостасуваше завршница. Тоа беше голема шанса за нас за успех во Европа, но не успеавме. Шкендија е најдобриот тим од Македонија, одигра тактички зрело, посебно по тој постигнат гол на почетокот. Победникот го одлучи само еден потег, одлучуваа детали и нашата непродуктивност во нападот“ – вели Бабунски.
Во составот на Ботошани настапи и поранешниот фудбалер на Шкендија и македонски репрезентативец, Стефан Ашковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА