Бабунски во фокусот: На 14 години ги избрав книгите пред „Sony Playstation“

Давид Бабунски е „главна фаца“ на македонската младинска репрезентација на европскиот шампионат во Полска, особено меѓу малкумината шпански новинари кои дојдоа да ја следат нивната националната селекција на овој континентален собир. Како поранешен фудбалер на Барселона, Бабунски даде интервју за каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ во кое говори за различни теми, меѓу другото и за својот огромен интерес за филозофијата и останатите науки кои се невообичаени за професионалните фудбалери.

Не ми е првпат да мислам за мене како да сум „чудак“ или „луд“. Точно е, јас сум спротивен за стандардите што луѓето се навикнале да ги гледаат во светот на фудбалот, но тоа воопшто не ми пречи. Мислам дека сите сме уникатни човечки суштества и можеме да му дадеме нешто посебно на светот, погрешно би било кога би криел нешто плашејќи се што за тоа би рекле другите. Вистината е дека многу пати ми се случило да не се вклопувам во темите на разговор на моите соиграчи, но свесен сум дека треба да се адаптирам. Сепак, морам да истакнам и дека чувствувам голема поддршка од моите репрезентативни колеги“ – истакнува Бабунски за „Ел Мундо Депортиво“.

Следи и прашањето што има заедничко со своите врсници, на клупски или репрезентативен план, дали можеби заедно играат на „Сони Плејстејшн“.

Не играм Сони. Додека бев помлад играв по малку, но кога имав 14 години го заменив со читање книги. И не жалам поради тоа“ – порачува „македонскиот генијалец“.

Плејмејкерот на македонската селекција од сезонава настапува во Јапонија, откако од Црвена звезда потпиша договор за тимот на Јокохама.

Целиот трансфер се случи набрзина. Најпрвин таму замина Виеира, со кого настапував во Црвена звезда. Тој ме препорачал во Јокохама, а кога луѓето од клубот се јавија, без азмислување прифатив. Меѓу другото, животот во Јапонија беше една од причините поради кои прифатив еден ваков далечен трансфер, скалилото на вредности во оваа земја е сосема поинакво отколку во Европа и токму поради тоа од првиот ден се чувствувам прекрасно во Јокохама“ – вели Давид.

babunski i delofeu 3

Тој ги мина сите младински категории на Барселона, настапувајќи крај дел од младинците што сега играат за младата репрезентација на Шпанија.

Во Барса научив многу, но бев дел од една неверојатно талентирана генерација. Премногу беше компликувано, најверојатно затоа и не успеав да се наметнам за да заиграм за првата екипа и среќата си ја побарав на друго место. Многу ми е мило за Деулофеу, со кого бев многу близок во Барселона, што во Милан повторно заигра на највисоко ниво. Го заслужува тоа, тој е спектакуларен фудбалер и играч кој може да направи разлика на секој натпревар. Тој е роден лидер, ги има отстрането и слабостите во играта од периодот кога настапувавме заедно. Играв и со Денис Суарез, кој минатава сезона ја мина на клупата, но тоа секогаш е проблем. Од една страна сонуваш да заиграш за Барселона, а од друга страна знаеш дека нема да имаш преголема минутажа. Неблагодарно е да се советува во една таква ситуација, тој треба добро да си размисли и да донесе одлука“ – истакнува Давид Бабунски.

  

Се вчитува...