Давид Бабунски втор натпревар по ред се најде во стартниот тим на Јокохама, овојпат помагајќи му на својот клуб да се најде меѓу четирите најдобри во Царскиот куп на Јапонија.
Македонскиот плејмејкер беше стартер на четвртфиналниот дуел со Џубило Ивата, одигрувајќи ги сите 90 минути во победата од 1-0. Клучен момент на мечот беше 81. минута, кога гостинскиот фудбалер Такахаши со автогол им донесе радост на Бабунски и неговите соиграчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА