Македонскиот претставник во женската конкуренција на АБА лигата, Бадел 1862 денеска од 19 часот во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода против Бановиќи брка клупска историја.
Баделки по седум одиграни натпревари во најсилната регионална лига се наоѓаат на четвртата позиција на табелата со скор од две победи и пет порази и се на чекор до пласман во следната фаза од натпреварувањето што ќе значи и зачекорување кон осумтте најдобри тима на овие простори.
За остварување на историја скопскиот тим има две шанси. Победа денеска против клубот од Босна и Херцеговина или пак добивање на следниот натпревар против Партизан, директниот конкурент за место во следната фаза.
Бадел 1862 е благ фаворит против „фенерџијата“, но тренерот Стамески апелира на претпазливост против незгодниот противник.
„Не очекува исклучително значаен и тежок натпревар, на кој со победа би ги зголемиле шансите за учество во супер лигата. Краткиот ростер и повредите на кошаркарките, пред се поради силниот ритам на натпревари и долги патувања, среда-сабота-среда, и поради репрезентативните обврски, придонесоа за значителен замор на екипата. Но тоа не значи дека со максимално ангажирана, дисциплинирана и посветена игра против младата, талентирана и максимално аграесивна екипа на Бановиќи нема да дојдеме до првата победа на домашен терен“, изјави предводникот на Бадел 1862, Перо Стамески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА