Бадел 1862 со репрезентативен „шмек“ во походот кон титула

Женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862 во продолжението од сезоната ќе може да смета на услугите на репрезентативката Нена Трајчевска која по три сезони играње на интернационално ниво се одлучи да се врати во редовите на клубот чии бои ги бранеше од 2011 до 2017 година.

За разлика од претходно, сега искусната кошаркарка ќе има задача плус во редовите на македонскиот петкратен шампион.

„Се чуствувам одлично и мотивирано. Целта е јасна, шампионска титула и освојување на националниот куп доколку се одржи. Но, улогата сега ми е многу поразлична од минатите години кога настапував за Бадел. Во целиот овој процес сега, би сакала со моето искуство кое го стекнав овие години да го пренесам колку знам и умеам и да им помогнам на младите кошаркарки од овој клуб. Сѐ со цел, да ги охрабрам и да докажам дека без разлика од каде сме, тие можат да успеат и да постигнат нешто што до сега ниедна кошаркарка од нашата држава не успеала“ – изјави Трајчевска.

Ова е второ засилување за Бадел 1862 пред вториот дел од сезоната, откако претходно во тимот се врати и Александара Стојановска, па јасно е дека по едногодишен пост, целта на „баделки“ е враќање на титулата во своите витрини. Моментално избраничките на Стамески се без пораз во Првата лига по седум одиграни натпревари.

Се вчитува...