Екипата на Бадел се наоѓа во сериозна резултатска криза откако го претрпе и третиот пораз во низа, овојпат на домашен терен од Пробаскет од Кавадарци со минимални 75-76. Со овој резултат кавадарчанки им се реваншираа на „баделки“ за поразот во првото коло, па двата тима сега се израмнети со скор 4-4 на делба на четвртото место.
Скопскиот тим има за што да жали ако се знае дека Бадел отвори одлично, имаше двоцифрена предност уште во раната фаза од мечот и првата четвртина ја доби со 25-12. Кавадарчанки успеаја да се консолидираат, на одмор се замина со 42-34 за Бадел, а пресудна се покажа последната четвртина што Пробаскет ја доби со 18-27 за голема победа со поените на Спасова на 16 секунди до крајот.
Томас имаше 19 поени и 16 скокови, Јовановиќ реализираше 17 поени, додека Спасова постигна 12 поени во победничкиот тим. Чолакоска со 26 поени беше прв стрелец на Бадел, додека Клири оствари дабл-дабл од 17 поени и 14 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

