Бадел потпиша со Американката Фримен

Во женската кошаркарска сцена тренд со години наназад е да се носат квалитетни странски засилувања непосредно пред завршницата на Купот на Македонија.

Таквиот тренд продолжува и годинава, па така денеска со ново засилување се пофали тимот на Бадел, потпишувајќи договор со Арин Фримен, 23-годишна американска кошаркарка со искуство од НЦАА-лигата.

„Со зголемо задоволство ве известуваме дека во продолжение на сезоната дресот на Бадел 1862 ќе го носи Арин Фримен (03.10.2002). Станува збор за кошаркарка која доаѓа од Америка и игра на бековската позиција. Фримен ќе биде одлично засилување во нашите редови, нејзиното искуство во НЦАА-лигата ќе биде добредојдено. Арин беше дек од тимот на Универзитетот во Илиноис – Чикаго Флејмс“, објави Бадел.

Се вчитува...