Со многу добра игра во првата и третата четвртина стигнаа до толку посакуваната цел, победа во втоиот круг од натпреварите во женското издание на Јадранската лига (69-44).
Кошаркарите на Бадел 1862 изненадија уште еднаш, пред се со добра игра во дефанзивата. Го изненадија фаворизиранито противник со силна одбрана, агресивна, на граница на лична грешка. Беа присебни во нападот, и уште во првата фаза од натпреварот во „Независна Македонија“ се стекнаа со повеќе од солидно водство.
Поточно, по десет минути игра, веројатно и најдобрите откако учествуваа во Јадранската лига. имаа избраничките на тренерот Перо Стамески неочекувани, но сосема заслужени (26:10). Гостинките од Словенија ја добија втората четвртина, до полувремето намалија на (29:36).
Но Бадел 1862 немаше намера да застане. Силно ја посакуваа првата победа во суперлигашката конкуренција. Одиграа уште подобро отколку во првиот период Го оставија збунетиот противник кој во Скопје дојде со само осум кошаркарки, на само четири поени. Поведоа девојките во „сино-жолта“ комбинација со највисоки (54:33), како вовед во првата победа во втората фаза на WABA лигата.
Вистинско изненадување беше Максмовска, која средбата ја заврши со 15. поени, и беше од голема помош за Стојановска (12. поени), Кметовска (13), а во второто полувреме и Трајчевска (заврши исто така, со 15.реализации).
Во следниот круг од натпреварите, на 3. февруари, исто така во Скопје, Бадел 1862 ќе го пречека топ-фаворитот во регионалната лига, екипата на Будуќност Бемакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА