Кошаркарките на Бадел рутинирано славеа над тимот од Струга со резултат од 77-43, за пласман во финалето на Купот на Македонија во женска катергорија. Баделки уште во првиот период го решија победникот на првата полуинална средба во салата „Јасмин“, за свој противник во финалето ќе го чекаат подобриот тим од мечот Вардар – Пелистер.
Во убедливата победа најрасположена кошаркарка на теренот беше Цветанка Димова која оствари дабл-дабл учинок од 19 поени и 17 скока, Теа Митрева допринесе од клупата со 12 поени запоминати 1 минути на теренот.
Втората полуфинална средба, односно дуелот Вардар – Пелистер започнува во 14:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА