Баџо не може да се помири: Апсурдно е европскиот првак да не игра на Мундијалот, ФИФА да ги смени правилата

Италија поради Македонија нема да го види Мундијалот во Катар. Репрезентацијата на актуелниот европски првак беше елиминирана од нашата селекција и тоа среде Палермо.

Италијанците неколку пати се обидоа да се „протнат“ на Мундијалот. Најпрво преку Иран, па преку Еквадор, но не им успеа.

Еден од легендите на италијанскиот фудбал Роберто Баџо, смета дека ФИФА треба да ги смени правилата, бидејќи апсурдно е европскиот првак да го нема на собирот на најдобрите светски селекции.

„Италија доживеа неуспех со елиминацијата во квалификациите за СП. Штета за Италија, но тој е актуелен европски шампион. Треба ФИФА да ги смени правилата. Тоа е апсурдно, вистинско лудило“, рече Баџо.

Се вчитува...