Раководството на Црвена Звезда е решено да состави моќен тим не само за пласман, туку и за добри резултати во Лигата на Шампионите. Арнаутовиќ е веќе потпишан, во завршна фаза се и преговорите со Тадиќ, а српскиот гигант во меѓувреме договори уште едно големо засилување комплетирајќи го трансферот на Махмуду Баџо.
Овој 20-годишен фудбалер од Гамбија доаѓа од словачкиот шампионат каде ги бранеше боите на Дунајска Стреда. Турски Бешикташ беше сериозно загреан да го доведе Баџо во своите редови, но „црвено-белите“ за помалку од 48 часа ги договорија сите детали со неговиот довчерашен клуб и успеаја да го комплетираат овој трансфер.
Црвена Звезда ќе плати 2,6 милиони евра за најновото засилување, плус 500.000 евра поврзани со неколку лесно остварливи клаузули.
„Пресреќен сум што сум овде, би сакал да им се заблагодарам на сите во клубот што ми укажаа шанса и решија да ме ангажираат. Ова е историски стадион, се изгледа навистина прекрасно… Го покривам средниот ред и ги освојувам оние „втори топки“, тука сум за да ја чувам средината на теенот. Сакам да освојам се со Црвена Звезда, но и да се квалификуваме во ЛШ и да оствариме што подобри резултати во ова натпреварување“, изјави Баџо по потписот на договорот со српскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

