Бадник во ракометната репрезентација, еве кај кого падна паричката (ВИДЕО)

Ракометната репрезентација на Македонија ги одработува последните денови од подготовките во Скопје за престојното Светско првенство, а ракометарите и стручниот штаб веќе традиционално заеднички го одбележаа и големиот празник Бадник.

При кршењето на лепче паричката заврши кај Милан Лазаревски, ракометарот на РК Вардар.

Македонските ракометари по празникот тргнуваат за Вараждин каде прво ги очекува пријателски натпревар против Хрватска со кој ќе бидат комплетирани подготовките, а потоа и натпреварите од групната фаза против Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Се вчитува...