Баер Леверкузен веќе со една нога е во финалето на Лигата на Европа сезонава, откако во првиот полуфинален натпревар славеше со 0-2 на гостувањето против Рома во Рим.
Новиот германски шампион одигра уште еден квалитетен натпревар во кој до водство дојде со голот на Вирц во 28. минута од средбата.
Конечните 0-2 ги постави Андрих во 73. минута.
Во втората полуфинална пресметка, Марсеј и Аталанта одиграа без победник, 1-1. Скамача уште во 11. минута донесе водство од 0-1 за Аталанта, а Мбемба во 20. минута ги постави конечните 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА