Баер Л. се надева дека Вирц нема да оди во Баерн Минхен: Не сакаме да ја засилуваме конкуренцијата

Извршниот директор на германскиот шампион Баер Леверкузен Фернандо Каро проговори за шпекулациите за можен трансфер на големата ѕвезда на „фармацевтите“ Флоријан Вирц во Баерн Минхен.

„Се подразбира дека не сакаме да ги засилиме директните конкуренти во нашата лига со врвни играчи. Патем, ова му го кажав директно и на Јонатан Та . Разбирам ако сакате да заминете, но повеќе би сакал да биде во кој било друг клуб, но не во Германија“, рече Каро.

На прашањето дали ќе вети дека Вирц нема да им се приклучи на Баварците, извршниот директор на Леверкузен рече:

„Во фудбалот не можете ништо да ветите. Постои голема можност доколку замине тој да стане најскапиот германски трансфер во историјата, но ние ќе бидеме среќни ако остане засекогаш со нас“.

Вирц има договор со клубот до 2027 година.

Се вчитува...