Тимот на Баер Леверкузен со лесна победа над Кил, ја продолжи трката за титула во Бундеслигата со Баерн Минхен. „Фармацевтите“ славеа благодарение на двата гола во првиот дел преку Шик и преку Адли.
Шик во 9. минута донесе предност, а Адли во 45. минута ја запечати победата. Во вториот дел немаше голови.
Изненадувачки резултат во Менхенгладбах, каде Аугзбург славеше убедливо со 0-3. Мечот доцнеше поради тоа што тимовите подоцна стигнаа на стадионот, а многу рано домашниот тим остана без голманот Омлин, кој доби црвен картон во 28. минута.
Тоа го искористија гостите и со головите на Клод-Морис кој постигна хет-трик, дојде до убедлив триумф.
Мајнц со 2-0 го совлада тимот на Сент Паули, а Волфсбург и Бохум одиграа без победник 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

