Екипата на Баер Леверкузен се пласираше во полуфиналето на германскиот Куп, откако беше подобар од Сент Паули со убедливи 3-0. Со тоа „фармацевтите“ станаа првиот тим кој се пласираше меѓу најдобрите четири тима во ова натпреварување.
Териер во 31. минута успеа да донесе водство за Леверкузен. Шик во 63. минута зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Хофман во судиското надополнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

