Баер Леверкузен ги троши парите од Вирц – купува играч од ПСВ за 35 милиони евра

Баер Леверкузен ја најде замената за Флоријан Вирц во ПСВ Ајндховен. Станува збор за играчот од САД, Малик Тилман.

Германскиот клуб веќе имал контакти со холандската екипа, и добил одговор дека треба да плати 35 милиони евра. Екипата од Леверкузен се согласила, и сака брзо да го склопи договорот.

Тилман минатата сезона одигра 36 меча во ПСВ, и постигна 12 гола и 2 асистенции, и беше еден од најзаслужните за титулата на тимот од Ајндховен. Тој веќе има искуство со играње во Германија. Беше дел од Баерн Минхен, а во 2023 година замина во ПСВ како позајмен, а од минатата година со перманентен договор во холандската екипа.

Се вчитува...