Баер Леверкузен го „врза“ својот голгетер со нов договор

Баер Леверкузен официјално го објави продолжувањето на договорот со напаѓачот Патрик Шик. 29-годишниот чешки напаѓач го продолжи договорот до 2030 година, откако неговиот претходен договор беше до 2027 година.

Во досегашните 168 натпревари за „Аспирините“, 191 сантиметри високиот Шик, постигна 81 гол и имаше 12 асистенции за Баер од неговиот трансфер од Рома во 2020 година. Минатата сезона, Шик одигра 45 натпревари во кои постигна 27 гола и имаше 1 асистенција, со што беше човекот со најмногу голови за тимот.

 „Сакам и ќе продолжам да придонесувам со голови, тоа е мојата сила. Покрај тоа, имам за цел да бидам клучен дел од реконструкцијата во нов тим способен да освојува трофеи. Иднината изгледа добро. Баер работи многу напорно за да изгради врвен тим за иднината. Цврсто верувам дека ќе продолжиме да играме водечка улога во Бундеслигата и во Европа во иднина.“, рече чешкиот репрезентативец.

Се вчитува...