Екипата на Баер Леверкузен и официјално тргна по замената на Чаби Алонсо. Изборот падна на доскорашниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг. Тен Хаг е без ангажман откако минатиот октомври доби отказ од Манчестер по слабите резултати, но и неговиот наследник не ги направи потребните чекори за тимот да се врати кон врвот во Премиер-лигата.
Тен Хаг е најсериозен кандидат да го замени Алонсо, кој оди во Реал Мадрид. Интересно е што овој предизвик нема да му биде прв на Холанѓанецот во Германија. Тој во периодот од 2013 до 2015 година беше прв тренер на вториот тим на Баерн Минхен.
Пред Манчестер Јунајтед, четири години Тен Хаг го водеше Ајакс, претходно беше две години во Утрехт, а тренерската кариера ја почна во 2012 година во тимот на Го Ахед Иглс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

