Екипата на Баер Леверкузен игра неверојатен фудбал оваа сезона и има сезона од соништата. Тимот на Чаби Алонсо веќе успеа да ја обезбеди првата титула во Бундеслигата, со што го симна Баерн од тронот по 11 години.
Но, она што е уште повпечатливо е серијата без пораз, откако тимот на шпанскиот стручњак не доживеа пораз оваа сезона. Така, по победата над Ајнтрахт Франкфурт, Баер стигна до бројката од 48 натпревари без пораз, со што го израмни рекордот на Бенфика, која не доживеа пораз од декември 1963 година до февруари 1965 година.
За потсетување, Леверкузен игра во полуфиналето на Лига Европа и во финалето на Купот на Германија, па е во конкуренција за сите три трофеи оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА