Баер Леверкузен ја промовираше замената за Флоријан Вирц

Баер Леверкузен го финализираше својот прв летен трансфер. Германскиот шампион од 2024 година го купи офанзивниот играч за врска Ибрахим Маза од второлигашот Херта Берлин за околу 12 милиони евра.

19-годишниот алжирски репрезентативец потпиша договор до крајот на јуни 2030 година со „аспирините“.

„Ова е фантастична можност – сон! Имав најдобри можности да се развивам и подобрувам со Херта во втората лига. Сега сакам да се докажам на големата сцена во врвен европски тим “, рече новото засилување на Леверкузен.

Се вчитува...