Баер Леверкузен контра желбите на Тен Хаг: Капитенот реализира трансфер во Премиерлигата

Искусниот швајцарски репрезентативец Гранит Џака во новата сезона повторно ќе биде дел од Премиерлигата каде ќе реализира трансфер во Сандерленд и покрај желбата на новиот тренер на клубот, Ерик Тен Хаг да го задржи капитенот во тимот и во сезоната 2025/26.

Џака инсистираше на трансфер и тоа само во редовите на Сандерленд, а и покрај тоа што беше одбиена првата понуда до германскиот клубот, „фармацевтите“ не одолеаја на втората понуда од 20 милиони евра. Преговорите се завршени, Швајцерецот ги договори и личните услови па останува уште да ги помине медицинските прегледи пред официјално да биде претставен како нов фудбалер.

За Џака ова воедно претставува и камбек во елитниот фудбал во Англија каде во минатото настапуваше за Арсенал и тоа седум години пред да замине од лондонскиот состав во 2023 година.

Се вчитува...