„Баер Леверкузен може да ја загуби титулата ако мисли дека е се готово“

Баер Леверкузен е вистински хит во Европа сезоната. Тимот од Германија нема ниту еден пораз во сите натпреварувања, а екипата е блиску да дојде до првата титула во Бундеслигата во историјата, откако има предност од осум бодови пред својот најголем ривал, Баерн Минхен.

За успехот на Леверкузен зборуваше и Пеп Гвардиола, кој кажа дека му било гордост што го имал Чаби Алонсо како играч, и дека како тренер прави неверојатни работи.

„Единствениот тим без пораз во сите натпреварувања, и добро се бори со еден голем тим како Баерн. Тие се во најдобар период во моментов, но се во ситуација кога не можат да кажат дека ја освоиле титулата во Бундеслигата. Дури може да ја загубат ако се опуштат и сметаат дека е готово. Ништо не е завршено додека не заврши. Не се работи само за тоа како играат, туку за тоа дека и немаат пораз во Лигата на Европа, Купот во Бундеслигата. Имав неверојатна среќа што го имав Алонсо како играч. Тој беше паметен играч, неверојатно паметен“, рече Гвардиола.

Се вчитува...