Баер Леверкузен на шампионска прошетка низ Франкфурт

Баер Леверкузен одигра уште еден натпревар каков што му доликува на актуелниот првак на Германија, како гостин декласирајќи го Ајнтрахт среде Франкфурт со убедливи 1-4.

Ајнтрахт е тим што во последните години редовно знае да им ги замрси сметките на фаворитите, но вечерва тимот од Франкфурт не беше достоен ривал, избраниците на Чаби Алонсо доминираа во текот на целата средба и заслужено стигнаа до бодовите, со што се вратија на „минус осум“ во однос на лидерот Баерн Минхен.

Победникот беше решен во периодот од 26. до 33. минута, кога Баер постигна три погодоци и практично ги осигура бодовите во Франкфурт. Тела со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го отвори резултатот, а по него меѓу стрелците се запишаа и Мукиеле и Шик.

Ајнтрахт пред крајот на полувремето намали преку Екитике, но Грималдо даде гол за Баер во вториот дел, ставајќи печат на оваа заслужена победа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...