Баер Леверкузен не се откажува од титулата во Германија

Баер Леверкузен нема намера да се откаже од трката за титулата во Бундес-лигата откако „фармацевтите“ вечерва славеа со 3-1 над Бохум, доближувајќи се на само три бода од лидерот Баерн Минхен (баварците утре го играат својот меч од ова 27. коло).

И без помошта на најдобриот фудбалер Флоријан Вирц, избраниците на Чаби Алонсо одиграа квалитетен натпревар, доминираа на теренот и заслужено дојдоа до цел плен. Гарсија со прецизен удар од работ на шеснаесетникот во 20. минута ги доведе „фармацевтите“ во водство, но Бохум успеа да израмни шест минути подоцна преку Паслак.

Мечот беше решен во второто полувреме, Бонифејс се најде на вистинското место и погоди за 2-1 во 60. минута, а пред самиот крај на мечот Адли ги постави конечните 3-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...