Баер Леверкузен рутински ја одработе задачата на домашниот натпревар против Хофенхајм, со триумф од 3-1 враќајќи ја негативата на шест бода во однос на лидерот Баерн Минхен.
„Фармацевтите“ имаа целосна контрола над играта од самиот почеток, а во прилог им одеше и што во раната фаза постигнаа два погодоци, преку Бонифејс во 16. минута и Фримпонг три минути подоцна. Патрик Шик на почетокот од второто полувреме зголеми на 3-0, а ритамот на домашниот тим го наруши црвениот картон на Грималдо во 61. минута.
Триумфот воопшто не беше доведен во прашање, Хофенхајм само го ублажи поразот преку Орбан, но гостите немаа шанса да се вратат целосно во натпреварот и Баер заслужено славеше.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА