Титулата во Бундеслигата се доближи до Леверкузен, откако Баер го совлада Волфсбург со 2-0, и така ја продолжи победничката серија, со која и натаму е сам на врвот на табелата.
Задачата на Леверкузен беше олесната уште во 28. минута, кога Јенц доби исклучување и го остави Волфсбург со играч помалку, а во таква ситуација трката се сведе на „мачка и глушец“.
Така само девет минути подоцна Теља му донесе предност на Леверкузен, со која замина на полувремето.
Во вториот дел целосна доминација на домашниот тим, неискористени неколку шанси, а потоа Вирц во 86. минута по одлична акција зголеми на 2-0 и ја донесе победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА