Баер Леверкузен одлучи дека откупната цена за Флоријан Вирц изнесува 150 милиони евра. Тоа е далеку повеќе од сумата која наводно Баерн Минхен ја понудил, а истата била 100 милиони евра.
Според германските медиуми, Леверкузен не сака да чуе ништо под таа цифра, и дека ако стигне официјална понуда од Баерн од 100 милиони, истата ќе биде одбиена.
Вирц наскоро ќе донесе конечна одлука дали ќе си замине, или, пак ќе остане во Леверкузен и следната сезона. За него има интерес и од Манчестер Сити, Ливерпул, како и од шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

