Баер Леверкузен по само два натпревари му врачува отказ на Тен Хаг!?

Баер Леверкузен не е задоволен од водењето на екипата од стана на холандскиот стратег Ерик тен Хаг кој би можел да добие отказ по само два одиграни натпревари во Бундеслигата, пренесуваат германските медиуми.

Раководството на клубот смета дека Холанѓанецот не ги задоволува квалитетите за амбициозниот клуб и сака што поскоро да донесе промена пред да биде предоцна.

Оваа одлука не доаѓа само по последниот натпревар против Вердер Бремен на кој „фармацевтите“ ремизираа со 3-3 во меч што практично им беше добиен, ако се знае дека имаа водство од 1-3 и фудбалер повеќе на теренот, туку и поради неповолната атмосфера која е во соблекувалната.

За истата говореше и капитенот назначен од страна на Тен Хаг, Роберт Андрих по последниот натпревар.

„Ова реми не се должи на уморот или промените на играчите, туку на тимот кој се наоѓа на теренот. Имаме премногу луѓе кои се преокупирани со разни работи. Имаме премногу луѓе кои се грижат само за себе. Секој игра за себе. Секој трча на теренот како сака“, изјави Андрих.

Пресудната одлука за иднината на Тен Хаг на клупата на Баер Леверкузен се очекува да биде донесена по крајот на преодниот рок кој завршува на 1. септември.

Се вчитува...