Баер Леверкузен потроши 198 милиони евра – рекорд во Бундеслигата

Баер Леверкузен постави рекорд за трансфери во Бундеслигата во еден трансфер прозорец.

За време на летниот преоден рок, клубот од Леверкузен плати 198 милиони евра за играчи – според „Трансфермаркт“, ова е нов рекорд во Бундеслигата во еден преоден рок.

Второто место му припаѓа на Лајпциг (187 милиони евра во сезоната 2023/24), третото е Баерн (179,5 милиони евра во сезоната 2023/24).

Баер претходно го отпушти главниот тренер Ерик тен Хаг по два натпревари во првенството – против Хофенхајм (1:2) и Вердер (3:3).

„Фармацевтите“ ова лето ги ангажираа: Малик Тилман кого го платија 35 милиони евра, за истата сума беше донесен и Куанса од Ливерпул. 32 милиони го платија Бен Сегир од Монако, Лоик Баде дојде за 25 милиони, колку у Езукел Фернандез од Ал Кадсиах. Ибрахим Маза од Херта беше платен 12 милиони евра, Марк Флекен 11 милиони, Ернест Поку 10 милиони. За помалку пари ги ангажираа Кристиан Кофане, Абдулаеје Фаје, Јанис Басвик, Тим Ерман, Фарид Алва Рупрехт, додека без пари дојдоа Лукас Васкез и Аксел Тапе, додека како позајмен пристигна Клаудио Ечереви од Манчестер Сити.

Се вчитува...