Баер Леверкузен, се чини, веќе и дефинитивно ја губи битката за титулата во Бундеслигата со Баерн Минхен по денешното реми (1-1) на гостувањето против Сент Паули во 30. коло.
На четири кола до крајот, Леверкузен сега, по ова реми, има 8 бода негатива во однос на водечкиот Баерн, која се чини е веќе недостижна.
А гостите денеска поведоа на мечот со голот на Шик во 32. минута од средбата.
Но, триумфот го загубија во 78.минута кога домашните израмнија со погодокот на Боукалфа.
GOAL: Boukhalfa
St. Pauli 1-1 Leverkusenpic.twitter.com/j9Vm2jT5gO
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 20, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА