Баер Леверкузен се подготвува за следната сезона, и „живот“ без Чаби Алонсо кој ќе замине во Реал Мадрид. Исто така од екипата ќе заминат и Џонатан Та и Флоријан Вирц. Затоа „фармацевтите“ веќе го одбраа првото засилување.
Еден од играчите кои би можеле да дојдат во Леверкузен е Робин Кох. Играчот на Ајнтрахт има откупна клаузула од 18 милиони евра и единствено прашање е кој ќе ја активира. Кох ќе им дојде добродојден како замена за Та кој ќе оди во Баерн Минхен. За него има интерес и од Борусија Дортмунд и Лајпциг.
Баер Леверкузен исто така има задача и да најде нов тренер. Засега во комбинација се Цеск Фабрегас од Комо, како и Ерик тен Хаг кој е без ангажман по заминувањето од Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

