Фудбалерите на Баер Леверкузен се пласираа во 1/4 финалето на Купот на Германија, и исфрлија еден од фаворитите – Борусија Дортмунд. „Милионерите“ пред само неколку дена триумфираа во Леверкузен во Бундеслигата, а сега „фармацевтите“ им се реваншираа и продолжуваат понатаму во Купот.
Стрелец на единствниот гол беше Маза, откако успеа сам да ја „измеша“ одбраната на домашниот тим, и да погоди во мрежата на Кобел.
И покрај тоа што Борусија доминираше, сепак, на крајот не успеа да постигне гол иако имаше неколку шанси. Со тоа избраниците на Нико Ковач останаа без еден трофеј сезонава.
Во вториот натпревар, Лајпциг лесно со 3-1 го совлада второлигашот Магдебург, и обезбеди пласман меѓу најдобрите осум тима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

