Баер Леверкузен се засилува со Јан Вертонген

Потрагата по искусно засилување за одбраната, раководството на Баер Леверкузен се чини ја заврши со фудбалерот на Тотенхем, Јан Вертонген.

Вертонген го загуби местото во почетниот тим на Тотенхем, па сега Леверкузен ги заокружува преговорите за негов ангажман.

Како што пренесуваат германските медиуми, Баер Леверкузен го користи и тоа што самиот фудбалер сака да го напушти Лондон бидејќи сака да игра а не да биде резервна опција. Неговиот договор со клубот завршува на крајот од 2020 година.

Според најавите, деновиве треба да финализираат разговорите и Вертонген да се пресели во Леверкузен.

Се вчитува...