Баер Леверкузен со две засилувања за вториот дел од сезоната

Баер Леверкузен нема намера да се предаде во трката за титулата со Баерн Минхен, па управата на германскиот првак успеа да договори две нови засилувања кои во следните денови ќе бидат на располагање на тренерот Чаби Алонсо.

Марио Хермосо ќе ги брани боите на „фармацевтите“ од Леверкузен во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона откако одличниот дефанзивец не се снајде најдобро во таборот на Рома. Тој дојде како слободен играч по истекот на договорот со Атлетико Мадрид, се надеваше на првотимски статус, но Хермосо не е дел ниту од плановите на Раниери, по што Рома даде зелено светло за негово заминување на шестмесечна позајмица. Во договорот нема клаузула за задолжителен откуп, но ако Хермосо задоволи со игрите би можел да биде откупен од Баер, особено во ситуација кога Тах на крајот од сезонава дефинитивно ќе си замине од „Бај Арена“.

Второ засилување на Баер ќе биде Емилијано Буендиа, офанзивниот играч за врска на Астон Вила. Станува збор за исклучително квалитетен играч, кој сепак не добива преголема шанса кај Унаи Емери да ги покаже своите квалитети за тимот од „Вила Парк“.

Буендиа доаѓа во Леверкузен на позајмица на шест месеци, а Баер ќе има опција во јуни да го откупи неговиот договор за сума од 20 милиони евра.

Се вчитува...