Баер Леверкузен триумфираше со два фудбалери помалку

Фудбалерите на Баер Леверкузен го победија Ајнтрахт Франкфурт со 3-1 (2-0) во првиот натпревар од 3. коло на германската Бундеслига.

Ова беше прв натпревар на Каспер Хјулманд на клупата на „фармацевтите“ и веднаш победа, која требаше да биде лесна, но беше доведена во прашање во второто полувреме.

Баер доби капитална предност во првиот дел од натпреварот, со головите на Алехандро Грималдо веќе во 10. минута, односно Патрик Шик од пенал. Тие 2-0 ги преполови Узун во 52. минута, а потоа во 58. минута, Роберт Андрих доби црвен картон, а Леверкузен се бранеше френетично до крајот.

Тоа го направи успешно, а потоа во 92. минута остана само со девет играчи бидејќи и Езекиел Фернандез беше исклучен на своето деби.

Сепак, гостите од Франкфурт не можеа да ја искористат оваа бројчана предност и останаа со празни раце.

Се вчитува...