Лидерот на табелата во Бундеслигата, чудесниот Баер Леверкузен остана без напаѓачот Виктор Бонифејс до април. Нигериецот доживеа повреда, и ќе мора да паузира, а Чави Алонсо не сака да остави ништо на случајот, па веќе бара негова замена.
Замената за Бонифејс доаѓа од Шпанија, од редовите на Бетис. Станува збор за искусниот Борха Иглесијас, кој во Леверкузен ќе пристигне за сума од 8 милиони евра.
Иглесијас за загуби довербата кај искусниот Мауруцио Пелегрини, и стартуваше само на два меча во новата сезона, и од тука и кај него постои желба да си замине со цел да има поголема минутажа. Јасно е дека Шик ќе биде прва опција во нападот на „фармацевтите“, но Алонсо сака да има и замена во случај Чехот да не може да игра поради повреда или суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

