Баер Леверкузен во второлигаш ја најде замената за Вирц

Екстра талентот, 19-годишниот Ибрахим Маза кој е дел од Херта, во иднина би можел да го облече дресот на Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ во него ја гледаат замената за Флоријан Вирц, кој е посакуван од многу големи европски клубови.

Маза е роден во Берлин, а има потекло од Алжир, и досега еден настап за сениорите на оваа земја. Тој потекнува од младинската школа на Херта, а игра во нападот и како офанзивен играч од средниот ред.

Вирц би можел ова, или следното лето да го напушти клубот на Леверкузен. Засега неговото име се поврзува со Манчестер Сити како замена за Де Брујне, но и Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата околу германскиот репрезентативец.

Се вчитува...