Баер нема да му прави проблем на Алонсо за да ги преземе „кралевите“

Баер Леверкузен нема да му застане на патот на својот тренер Чаби Алонсо да премине во Реал Мадрид. „Фармацевтите“ ја знаат желбата на тренерот да оди во таборот на „кралевите“, и затоа нема да му прави проблеми во неговата желба.

Алонсо е прв кандидат за клупата на Реал Мадрид, ако Карло Анчелоти си замине, што најверојатно ќе се случи по крајот на сезоната. Најверојатно Анчелоти ќе ја преземе селекцијата на Бразил престојното лето.

Претходно се појавија информации дека Леверкузен ќе бара 10-15 милиони евра негово обесштетување, меѓутоа веројатно сумата ќе биде помала. Алонсо минатата сезона со Баер ја освои титулата на сензационален начин, без ниту еден пораз, а го освои и Купот, додека во Лигата на Европа играше финале и загуби од Аталанта.

Се вчитува...