Баер прежален доаѓа на „Висенте Калдерон“

Атлетико Мадрид огромен дел од работата во осминафиналниот двомеч со Баер Леверкузен заврши во првиот натпревар, славејќи со 2-4 на гостувањето во Германија. Сепак пред избраниците на Диего Симеоне е само уште еднаш, на домашен терен, да потврдат дека се поквалитетен противник од „фармацевтите“ и да го осигураат пласманот меѓу осумте најдобри клубови во Европа.

Без разлика каква предност имаме, играчите секогаш мора да бидат горди што се дел од овој клуб и да даваат се од себе на секој натпревар. Очекувам тоа да го сторат и вечерва против Баер, мора да сме внимателни бидејќи против себе имаме екипа што знае да биде многу опасна преку контранапади“ – изјави Симеоне.

Аргентинскиот стручњак се соочува со проблеми околу составот, Гамеиро е повреден заедно со Тијаго и Фернандез, додека стандардните првотимци Габи и Филипе Луис се суспендирани. Во една таква ситуација, Кореа ќе му биде од помош на Гризман во навалната линија на актуелниот европски вицешампион. Во прилог на Атлетико оди и традицијата која вели дека оваа екипа нема загубено во Мадрид од германски клуб уште од 1996 година, кога беше поразена со 0-1 од  Борусија Дортмунд.

Баерн Леверкузен пристигна „предвреме прежален“ во Шпанија, откако од натпревар кризата на овој клуб се повеќе се продлабочува. Во однос на првиот меч беше направена и тренерска смена, нов шеф на стручниот штаб е Тајфун Коркут, но и под негово водство „фармацевтите“ разочараа на последниот меч во Бундес-лигата, ремизирајќи 1-1 на домашен терен против Вердер.

Знаеме каков е предизвикот пред нас. Атлетико е тим што игра цврст фудбал, затоа мораме да ги користиме максимално шансите што ќе ги создаваме за да имаме било каква можност за позитивен резултат“ – истакна Коркут.

Се вчитува...