Кошаркарите на германскиот Баерн Минхен забележаа нов пораз сезонава во Евролигата откако вечерва загубија на гостувањето во Литванија кај Жалгирис со 78-71 во натпревар од 33. коло во елитното натпреварување.
Домаќините во вториот дел го урнаа отпорот на гостинот и заслужено стигнаа до полн плен. Димитријевиќ не беше дел од тимот на Баварците за овој меч, а во негово отсуство најефикасен беше Да Силва со 12 поени. Кај победникот Тубелис постигна 21 поен.
Макаби Тел Авив во Белград славеше над актуелниот шампион Фенербахче со 94-89, додека Монако беше подобар од Милано со 90-85.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

