Баерн Минхен ќе се обиде да стигне до позитивен резултат на големото дерби во Дортмунд против Борусија, но задачата ќе биде дополнително отежната откако Мануел Нојер отпадна од комбинација за настап против „милионерите“.
Искусниот голман неодамна заработи ситна повреда и во последните три дена беше во трка со времето. Сепак, лекарите на крајот оценија дека ризикот од нова повреда би бил преголем, по што по консултација со стручниот штаб беше решено Нојер воопшто да не патува за Дортмунд.
Иако важен, проценката е дека овој дуел не е клучен и нема потреба од ризик, ако се знае дека баварскиот гигант допрва го очекуваат важни битки за трофеи во кои помошта на Нојер ќе биде уште поголема.
Покрај првиот голман, тренерот Компани не може да смета ниту на левиот бек Дејвис кој се повреди минатиот викенд. На спротивната страна, Борусија Дортмунд на денешното дерби нема да може да смета на Џулијан Рајерсон, Никлас Зиле и Филипо Мане.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

